Директорот на Царинската управа на РСМ, Ѓоко Танаскоски, преку претходно објавен тендер за потребите на Управата набави нови 12 возила вредни 294.024 евра од типот „шкода октавија“.



На тендерот кој го оби на фирмата „Де лукс-ауто“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, набавено е и уште едно возило „шкода суберб“, вредно 31.176 евра.

Царинската управа од почетокот на оваа година па досега, покрај автомобилите од 325 илјади евра, за јавни набавки дополнително има потрошено уште 834 илјади и 284 евра или севкупно за 4 месеци Царината потрошила 1.159. 484 евра. Јавува Макфакс.