Бужаровска ги обвини МПЦ-ОА, Ќулафкова и Трендо за масакрот врз српска трансџендерка

Писателката Румена Бужаровска тврди дека однесувањето на Македонската православна црква Охридска архиепископија, академик Катица Ќулафкова, новинарот Сашо Мацановски Трендо и други лица во Македонија придонело за убиството на српска трансџендерка Ноа Миливојев кој/а беше убиен/а во Белград а нејзиното масакрирано тело по долго време беше најдено во центарот на Белград.



Миливојев била маж која се чувствувала како жена.

Бужаровска претходно ја вознемири јавноста кога сите илјадници луѓе кои учествуваа во собирот против законот за родова еднаквост и матична евиденција ги прогласи за најмрачни и најгрозни луѓе во Македонија.

Меѓу тие луѓе имаше верници, хуманисти, жени, свештеници и деца.

Сега писателката повторно без да изложи никакви аргументи ги обвинува МПЦ-ОА, академик Ќулавкова и Трендо за грозомората што се случи во Белград иако никој од нив не нападна ниту осуди никого.

,,Еве го резултатот на говорот на омраза што го блујат анти-родовите и трансфобните движења или лица (МПЦ, Катици, Трендовци, Преземи одговорност, разни средношколски професорки, психолози…). Смрт, касапница.

Сите што блујат омраза се виновни”, пишува Бужаровска која не дава никакви аргументи за своите тези. Таа не кажува каква е врска на луѓето што ги бранат традиционалните вредности со убиството на Ноа Миливојев.

Ниту еден од обвинетите од Бужаровска не ги нападна ниту повика на насилство против трансџендери или припадници на било која група вклучително и ЛГБТ заедницата.

Бужаровска беше една од најпознатите ликови во Шарената револуција која ги донесе на власт Зоран Заев и СДСМ.

Писателка прогласи илјадници македонски деца, жени, мажи, свештеници за најгрозни и најмрачни