Со многу емоции и добра енергија, со факели, развиорени македонската снки знамиња, песни и многу аплаузи, олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски попладнево беше пречекан на плоштадот.
Ситуацијата кулминираше кога во еден момент откако шампионот мина под Триумфалната Капија плоштадот едноставно „се запали“ и „гореше“ за едно од двете највредни олимписко одличје кое досега сме го освоиле во самостојна Македонија.

На собирот се обрати и олимпиецот.
„Ви благодарам на огромната поддршка. Моите тренери се најголемите виновници за овој медал. Понекогаш се строги, но тоа се исплатеше, благодарам и на моето семејство. Ветивме медал и тоа го исполнивме. Жал ни е што не е златен. Ова сигурно немаше да биде возможно без моите клупски колеги кои многу ми помогнаа. Им посакувам среќа на спортистите кои треба да настапат во Токио. Да се надеваме на нов медал, па вака и нив да ги пречекаме. Да живее Македонија“, порача помеѓу другото Георгиевски.






