Бутарис: Пандемија е, многу не се грижиме за имињата

Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, вели дека ФИРОМ повеќе не постои и во Грција тоа не се спомнува, а за промената на сообраќајните патокази на кој не е променето името на нивниот северен сосед вели – пандемија е.



„Името ФИРОМ повеќе не постои. Никој повеќе не го користи името ФИРОМ. Некои луѓе го користат името Скопје.

Што се однесува до патните знаци, можете да ги видите имињата на градовите кон кои покажуваат знаците. Значи, тоа не е големо прашање. Мислам дека тоа ќе биде решено брзо. Не заборавајте дека во Грција исто така владее епидемија, која е прашање број 1. Така што во овој момент многу не се грижиме за имињата, наведе Бутарис.

Деноиве Атина , пак, реагираше дека Скопје не го исполнува договореното со „преспанскиот“…