По бурата од жестоки реакции во јавноста за неговиот престој во суперлуксузен апартман во хотелот „Парк Босфор“ во Истанбул, заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши „ја отвори душата“ за ТВ Телма.
„Станува збор за приватно патување од пред три години, планирано три-четири месеци пред да станам заменик-министер. Бевме во Турција за интервенција врз внукот, во ‘Коч хоспитал’. Во хотелскиот апартман престојувавме повеќе лица, бевме гости на двајца пријатели од Скопје и не знам кој ја платил сметката и колку чинелк престојот. Но, сумата од 20 илјади евра е претерана“, изјавил Буши за телевизијата.






