Ни ајвар, ни тавче-гравче, ами бурекот бил најпопуларната храна од Македонија, според литванскиот сајт „visual.ly“, кој направи карта на светот врз основа на најбараните рецепти во секоја држава на „Гугл“.
Покрај Македонија, според оваа мапа, бурекот е најпопуларна храна и во Црна Гора.
Хрватска е најпрепознатлива по кафето, Словенија по колбасите, а Босна и Херцеговина и Србија по питата.
Од светот, најпопуларна храна во САД според сајтот е американското сирење, во Русија чајот, во Канада сланината, во Кина пржен ориз, во Бразил сирење и леб итн.






