Полицијата, жандармеријата и специјалните трупи интервенирале во саботата, 18 април, во романскиот град Хунедоара, откако незадоволни локални жители одбиле да останат во нивните домови.
Луѓето реагирале со фрлање камења кон силите на редот и ги обвинија за злоупотреба на сила.
На една од снимките објавени на Фејсбук, се гледа маж како се обидува да искрши стакло на полициски автомобил и како го крши ретровизорот.
На друга се гледа како полицајците се повлекуваат пред канонадата од камења, пишува весникот „Адеварул“.

Насстанот се случи ден пред превославниот Велигден а на социјалните мрежи се појавија коментари во стилот:
„На толку полиција на улиците, би се реколо дека Христос избегал, а не воскреснал“.




