Бугарскиот оператор за пренос на гас „Булгартрансгаз“ ЕАД и операторот на системот за пренос на гас на Република Македонија „ГА-МА“ АД потпишаа договор за интерконекција на точката Ќустендил/Жидилово.
Со тоа, Македонија доби можност да ги диверзифицира испораките на гас, јави БГНЕС.
Договорот го потпишаа Владимир Малинов, извршен директор на „Булгартрансгаз“ и Александар Арсиќ, извршен директор на операторот на системот за пренос на гас на Македонија „ГА-МА“ АД.
„Со овој документ се дава дополнителна можност за алтернативно снабдување со природен гас на РСМ и се дава можност и за користење на складиштето, чиј сопственик е Булгартрансгаз“, нагласи тој.
На годишно ниво количината на природен гас што ќе поминува по трасата е околу 500 илјади кубни метри дневно и околу 180-200 милиони кубни метри годишно.
Извршниот директор на македонскиот оператор Александар Арсиќ истакна дека со овој договор македонија се стекнува со либерализација на природниот гас. „Ова е историски ден меѓу двете земји“, додаде тој.
Документот беше потпишан во присуство на в.д. министер за енергетика Росен Христов, македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и амбасадорката Агнеса Руси.






