,,Булдожерот” Ескобар не дошол само за притисок врз Мицкоски

Дипломатскиот булдожер односно помошник заменик американски државен секретар Габриел Ескобар во Македонија не дошол само за притисок врз лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за уставните измени.



Според извори во албанската опозиција Ескобар во Македонија дошол и за проблемот со градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко кој неколку месеци е на американската црна листа за корупција и влијание врз правосудството а се уште не заминува со амин на ДУИ

Според изворите на expres.mk Ескобар го интересира зошто владеачката ДУИ не се оградува ниту врши притисок врз Мерко кој е прогласен за непожелен во САД.

Според нив американската администрација сака да знае зошто ДУИ го толерира Мерко иако знае дека САД, како што изјави американската амбасадорка Агелер за случајот Камчев ќе ги таргетира сите соработници на луѓето од Црната листа на САД.

Сите соработници на Мерко во моментов се членови и функционери на ДУИ со што партијата јавно се огради од Мерко но формално влегува во кругот околу струшкиот градоначалник кој за САД е корумпиран криминалец.

За време на средбите во Скопје Ескобар ќе мора да го наметне ова прашање за Рамиз Мерко затоа што ако тоа не го стори ќе излезе дека САД ја толерираат ДУИ во криминалот и корупцијата која Вашингтон формално не ја дозволува, тврдат извори во албанскиот политички блок кои одлично ги познаваат состојбите во ДУИ а кои потсетуваат што зборуваше Ескобар во Јуни.

,,Се надевам дека ова ѝ помага на владата во С. Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата”, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, на почетокот на јуни за Албанската редакција на Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето дали очекува политички последици откако вчера САД го стави на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко поради значителна корупција.

Засега во соопштенијата поврзани со последната посета на Ескобар на Македонија не се споменува Рамиз Мерко.