Од фотографиите и информациите објавени на Твитер се гледа дека министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи мирно мези во кафеана со најмалку еден сериозен кандидат за ,,Црната листа”, на САД.
На фотографијата со Османи се заменикот државен обвинител и екс министер за Труд Џелал Бајрами, екс директорот на Управата за матична книга Бујар Дарлишта и главниот човек на ДУИ за набавки на струја во Електростопанство на Македонија каде владата годишна дава стотици милиони за купување струја.
Еден од нив тројца е сериозен кандидат да биде ставен на ,,Црната листа” на САД тврдат извори во ДУИ кои не се дел ниту од крилото на Артан Груби и Османи ниту се со Огнената група.
Тие не сакаат да прецизираат кој е човекот кој наскоро може да му се придружи на Рамиз Мерко но тврдат дека и Османи и ДУИ знаат за кого се работи.
Зошто меѓу другото е спорно мезето на Османи со луѓето на фотографијата?
На 23.12.2022 финансиската полиција поднесува пријава до ОЈО ГОКК против екс директорот Бујар Дарлишта за местење на тендер за дигитализација во Управата за матична книга.
Стотина дена подоцна додека шефот на обвинителството за организиран Ислам Абази кој важи за човек на ДУИ по пријавата мора да го истражува Дарлишта на 18.04.2023 – осомничениот Бујар Дарлишта е во друштво на републичкиот Јавен обвинител Џељаљ Бајрами, МНР, Бујар Османи и помошникот технички директор за тендери во ЕСМ, Адријан Муча.
Османи знаел дека Дарлишта е осомничен како што знаел дека Џелал Бајрами е под лупа за низа предмети кои ги мониторира или води.
Информацијата во твит ја објавува профилот Демир или Троловски кој важи за упатен во судско политичките односи но има и релации со повеќе странски амбасади во Скопје.
Скриена албанофобија ?
⬇️ ОСОМНИЧЕНИОТ Б.Д лабаво се мези со главниот ОБВИНИТЕЛ, Џ.Б.
➡️ ОЈО ГОКК веќе 2,5 години го “истражува” местењето на тендерите во Управата за матични книги …
–
🖇 https://t.co/1odWFMGCkm
🖇 https://t.co/5W9y3aLRwH
🖇 https://t.co/BY9mOsf2hX pic.twitter.com/aVgOV1dJlv— Демир (@Trollowsky) July 20, 2023
Многу поврзана вест
Останува отворено прашањето дали уште еден човек на Ахмети ќе заврши на црната листа на САД





