Бујар Османи утре во Грција

На покана грчкиот министер за надворешни работи, Николаос Дендиас, шефот на македонската дипломатија Бујар Осмни утре ќе отпатува во работна посета на Грција.



На средбата меѓу двајцата министри ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа).

Од Министерството за надворешни работи информираат дека предвидено е и потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави.