Бујар Османи го осуди денешното убиството на косовски полицаец

„Најостро го осудувам убиството на полицаец во северниот дел на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка, сторителите на овој грозоморен чин да бидат изведени пред лицето на правдата. Актите на насилство нема да ја поткопаат стабилноста на Косово. Безбедноста на граѓаните на прво место“, реагираше шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.



Еден косовски полицаец е убиен, додека двајца се ранети во пукање денес наутро на подрачјето на Звечан, на северот на Косово, потврди косовската полиција денес.