„Премиерот во уште една предавничка и неписмена изјава не’ информира дека работи експедитивно за РСМ и правата на малцинствата.
Очигледно, тој нема намера да ги брани интересите и правата на бугарскиот народ, кој е државотворен народ, а не малцинство во Република Северна Македонија“, велат од бугарското ВМРО на Красимир Каракачанов по вчерашната изјава на премиерот Кирил Петков дека гледа напредок во преговорите со Македонија.
Ние од ВМРО категорично констатираме дека Бугарите во Република с. Македонија не се малцинство и никогаш не биле малцинство“, велат од партијата како што пренесе Њуз.бг
Од партијата велат дека „недостигот на историско знаење е огромен проблем и го советуваат Кирил Петков да чита историја.
„Ако премиерот зборува за имагинарно „македонско малцинство“, правилно е да поднесе оставка и час поскоро да се врати во својата сакана Канада.
Од ВМРО БНД инсистираат на никаков начин да не се избрзува со донесувањето на ПКМ во Европската Унија, а несоодветна е изјавата на Кирил Петков дека тоа треба да се направи брзо.
„На сите треба да им биде јасно дека оваа земја ќе има место во европското семејство само кога ќе престане да репродуцира омраза кон Бугарија и ќе го фрли македонизмот во корпата на историјата“, велат од партијата.







