Партијата ВМРО на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов донира визири за лекарите во Македонија за борбата со коронавирусот.
„Заштитните средства се за медицинарите од другата страна на границата, кои се борат на првата линија со Ковид-19. Нашите браќа во Македонија се исто така засегнати од пандемијата и ние ја сметаме за наш должност да бидеме во редот со нив во борбата со болеста“, соопштија од партијата.
На македонскиот в.д. амбасадор во Софија, Владимир Крстевски, донацијата му ја предал организацискиот секретар на софиското ВМРО, Јулијан Ангелов.
Заштитните средства се изработени од универзитетот во Русе на 3Д-принтери.





