„Мислам дека политиката на ЕУ за Балканот одамна требаше да се промени. Нашиот најголем проблем е бугарското вето. По преспанскиот договор ние бевме почувствителни за геополитичките битки со соседите“, вели поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната панел-дискусија на Универзитет Американ Колеџ Скопје на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“.
Влезот во НАТО е готов, а тоа беше главниот фокус. Но, сега нашиот процес за влез во ЕУ е заглавен поради актуелната криза во Украина.
Шекеринска смета дека бугарското вето е поттикнато од силното руско влијание во Бугарија.
Според неа, ниеден Бугарин кој се смета за јавна личност, не изегол во јавност да каже дека на Северна Македонија треба да и биде ставено вето.
„Вето не се става преку референдум. За тоа не гласаат обичните граѓани“, рече Шекеринска.






