Бугарското радио ќе емитува емисија за „Бугарското малцинство во Албанија“

Националното радио во Бугарија ќе прави емисии за Бугарите кои живеат надвор од земјата. Ќе има емисија за т.н бугарско малцинство во Албанија – пренесува Фактор.



„Нашата идеја е преку моќта и авторитетот на јавното радио на публиката дома и во странство да ѝ раскажеме за Бугарите кои поради историски, социо-економски или други фактори живеат надвор од границите на својата татковина“, објаснува главниот уредник на „Радио Бугарија“, Красимир Мартинов.

На пописот имаше притисоци и обиди за поткуп за Македонците да се изјаснат како Бугари. Maкедонското друштво Илинден од Тирана бараше ЕУ да реагира затоа што Бугарите нуделе телефони и таблети на луѓето за да се изјаснат како Бугари – пишува Фактор.

Оргиналната вест на следниот линк:

https://www.faktor.mk/bugarskoto-radio-kje-emituva-emisija-za-bugarite-vo-albanija