Бугараското МНР е „длабоко вознемирено“ од последните активности на Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница во оваа земја, вели експертот во тамошното министерство, Костадин Коџабашев.
На прашањето на БГНЕС кои се чекорите на Бугарија во врска со претепувањето на Христијан Пендиков, палењето на бугарскиот клуб во Битола и конечно неговото затворање, експертот во МНР Жељазко Радуков меѓу друготро вели : „…нашите постапки бараат многу труд, и трпение. Ако го откриеме целиот план за нашите мерки, ќе ни снема време. Се’ прави се за да се заштитат овие организации во Скопје, бидете уверени, додаде Радуков.
Тој вели дека „Институциите во Скопје не изнесоа вистински аргументи за оспорување на регистрацијата на бугарските здруженија. Својата одлука ја донесоа исклучиво со непринципиелно, еднострано и тенденциозно ставање на имињата на здруженијата во искривен историски и идеолошки контекст“, пренесува агенцијата.
„с. Македонија, која брани едно толкување на историјата со забрана на изразување на различни мислења, дури и ако тие мислења се критички на наметнатиот официјален наратив, јасно ги крши основните принципи на Европската унија за правата на слободно изразување и слободно здружување.
Овие принципи се заштитени со членовите 10 и 11 од Европската конвенција за човекови права, а Скопје е должно да ги спроведе во целост, без разлика дали се прифатливи за властите или за дел од локалната јавност.
Ваквото однесување е спротивно на договорите кои беа постигнати со голема тешкотија минатата година, а се однесува на „неопходните активности за да и обезбеди на бугарската заедница ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на нејзиното културно наследство и идентитет.
Внимателно го следиме спроведувањето на овие договори во контекст на евроинтеграциите на оваа земја кандидат“, истакна Којабашев.







