„Неколку денови по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на тензиите во јавноста предизвикани од конкретни постапки на претседателот на Македонија, кој се обидува да ги обнови темите кои се во конфликт со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година“ се вели во денешното соопштение на бугарското Министерство за надворешни, а пораката се однесува на македонскот претседател.



Стево Пендаровски вчера оствари средба со ОМО Илинден и Здруженијата на граѓани на Република Бугарија.

„ОМО Илинден е организација на која Уставниот суд на Бугарија ѝ ја одби регистрацијата поради сепаратизам“, пишува БГНЕС,

„Ваквите постапки не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи ги повикува одговорните фактори во,какошто велат, нашата соседна земја да покажат политичка зрелост и да дадат конструктивен придонес во тековниот процес за враќање на меѓусебната доверба.