„Република С. Македонија предложи да се одржи телефонски разговор меѓу двајцата министри за надворешни работи и тој ќе се спроведе веднаш штом ќе дозволи програмата на министерот Светлан Стоев“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугарија кое го пренесува БГНЕС.
„Бугарија отсекогаш била и останува отворена за отворен дијалог и соработка со Република Северна Македонија. Меѓувладин состанок може да се одржи се кога се исполнат потребните предуслови и услови. Одржувањето состанок во таков формат мора да биде полн со содржина.
Во оваа смисла, потсетуваме дека годишниот извештај за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања треба да биде усвоен на претстојниот меѓувладин состанок.
Ја користиме приликата да потсетиме на изјавата на министерот Стоев кога стапи на должност дека бугарската страна останува отворена за дијалог, додека привремената влада не е овластена да ја менува рамковната позиција на Бугарија, што беше усвоено со консензус од сите политички сили во парламентот“, се потенцира во позицијата на бугарското Министерство за надворешни работи.







