Бугарските социјалисти против извоз на оружје во Украина

Ние отсекогаш сме биле против извозот на оружје во Украина и веруваме дека тоа не прави страна во конфликтот,изјави Корнелија Нинова, лидер на БСП.



Лидерката на БСП потсети дека нејзината партија ја осудува агресијата во Украина и го поддржува обезбедувањето хуманитарна помош.

Таа потсети дека претходната влада не извезувала оружје во Украина.
„Не дозволивме ниту еден патрон да стигне до Украина. Тоа го потврдија од кабинетот на Радев…

Ќе гласаме против овие одлуки, се надеваме дека ќе надвладее разумот“, рече Нинова. БГНЕС