Бугарските социјалисти ќе се обидат да состават влада

Претседателот Румен Радев официјално го предаде мандатот за формирање влада на третата политичка сила во 26. Национално собрание – БСП.



Радев порача дека лицата во новата влада треба да бидат „добро познати јавни личности“.

Претседателката на БСП, Корнелија Нинова, истакна дека таа и нејзината партија ја разбираат одговорноста со која се соочуваат.

„Ќе вложиме максимални напори за формирање на редовен кабинет со мнозинство во парламентот, што е предуслов за промена на сегашниот модел на влада и обезбедување стабилност и безбедност за Бугарија и бугарските граѓани“, рече Нинова.