БСП е подготвен да прифати мандат за формирање влада доколку претседателот Румен Радев одлучи да им го предаде, изјавил пратеник на оваа партија.
„Ќе разговораме со сите. Затоа што во политиката едно се зборува јавно, а друго кога седите на сериозни разговори на маса. Може да има приближување, може да има дистанцирање”, рече пратеникот на БСП Георги Гоков.
Победничката партија на предвремените избори „Има таков народ“ која освои 65 од 240 пратенички места во Народнорто собрание го врати мандатот откако не доби поддршка од другите партии.
Второпласираната ГЕРБ на Бојко Борисов, најави дека исто така ќе го врати мандатот…
Познавачи на приликите тврдат дека Бугарија е поблиску до нови предвремени избори…






