Бугарските пратеници ќе гласаат за смена на спикерот Никола Минчев

Пратениците на бугарскиот парламент денеска ќе расправаат за барањето оставка на претседателот на Собранието Никола Минчев.



Барањето за оставка на Минчев беше поднесено вчера 120 пратеници на „Има таков народ“, ДПС, ГЕРБ и „Преродба“.

Нова коалиција сака да го смени претседателот на Народното собрание Никола Минчев, порача претседателот на парламентарната група на владејачката „Продолжуваме со промената“, Андреј Ѓуров.

Според Ѓуров, наводно невозможната коалиција на ГЕРБ, ДПС и ИТН не ја интересира народот, не е заинтересирана за пензиите, поддршка за младите семејства, зголемување на платите, поддршка за бизнисот во криза…

„Ако оваа коалиција има мнозинство, тогаш овој парламент содржински е исцрпен. Мафијата повторно е во политиката. Ние сме во војна со мафијата. И ќе продолжиме! Овде, на улица, на избори“, вели Гуров пренесе БГНЕС.

Агенцијата потсетува дека во вчера опозициската ГЕРБ на Бојко Борисов поднесе барање за изгласување недоверба на владата на Кирил Петков, како и барање за измени во Изборниот законик, но тоа не беше прифатено.