Трите партии од владејачката коалиција – Продолжуваме со промените, БСП и Демократска Бугарија, категорично се оградија од ставот на лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, околу бугарскиот однос кон Македонија, пишуваат бугарски медиуми.
Тие експресно реагираа на објавата на Фејсбук на Тифонов Македонија, кој го поврза почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ со укинувањето на визите за САД и влезот на Бугарија во Шенген.
Андреј Ѓуров, претседателот на ГП „Продолжуваме со промените“, изјави дека нивниот став кон Македонија бил јасен „Имаме стратегија како да ги водиме разговорите – да ги водиме на многу поинтензивно, на пошироко ниво, а не само во насока на историското минато. И така тие помагаат да ги приближиме нашите позиции во согласност со Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.
Овие работи не треба да се поврзуваат една со друга. Ова не функционира на меѓународно ниво – да се поврзе една одлука со друга“, изјави Ѓуров за Нова ТВ.
Ко-претседавачот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов го оцени коментарот на Трифонов како посебна иронија.
Тој вели дека членството на Македонија во ЕУ е важно прашање за Бугарија. „Мораме сериозно да го сфатиме ова прашање и да ги заштитиме нашите национални интереси. Да ги спроведеме договорите“, рече Атанасов, според кој Демократска Бугарија не ја поддржува идејата на лидерот на „Има такво народ“.
Од изјавата на Трифонов се огради и потпретседателот на Народното собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин кој повика на почитување на коалицискиот договор.
Дали Трифонов ги изнервира коалициските партнери со предлогот за трампа пшто го нуди на САД







