Интервјуата на „луѓето од Северна Македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик, бара ВМРО-БНД од Советот за електронски медиуми на Бугарија, прененсува “24 часа“.



„Бугарската наука недвосмислено го дефинира таканаречениот ‘македонски’ јазик како регионална форма на бугарскиот јазик. Тоа е позиција и на Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки (БАН). Освен тоа, официјалната политичка позиција на Бугарија во текот на целото независно постоење на Северна Македонија, потврдена и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, е непризнавање на таканаречениот ‘македонски’ јазик“.

Во писмото од партијата на Красимир Каракачанов, бара бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик.