Колку им значеше на фудбалските репрезентативки на Бугарија ремито 2:2 со Македонија во Лигата на нациите пред два дена во Софија покажува нивното славење во дискотека во Студентскиот град, во која заглавиле до изутрината.
Се пиело виски, се славело со чалгии, а фудбалерките добиле команда „слободно“ од селекторката Силвија Радојска, која им се придружила во забавата, а еуфоријата достигнала кулминација благодарејќи на скандалозната интернет-сензација Ивка Бејбе, позната по своите силиконски гради.
Бугарките имаа што да слават, бидејќи до 85. минута губеа со 2:0, а израмнија во петтата минута од судиското надополнување на времето, со што го потврдија баражот за пласман во дивизијата Б.
За „црвено-жолтите“, пак, бодот освоен на стадионот „Васил Левски“ единствениот во групата од три селекции што ја освои Косово.






