Бугарскиот шовинист Виктор му го објави бројот на Виктор, шеф на македонската тајна служба

Директорот на бугарската антимакедонска фондација ,,Македонија” Виктор Стојанов го објави тајниот телефонски број на Виктор Димовски кој е директор на македонската Агенција за национална безбедност.



Стојанов кој е бугарски шовинист со агенда Македонците да ги претвори во Бугари бара Бугарите да го контактираат Димовски и да го прашуваат зошто дал македонски пасош на руски шпиони под контрола на Путин.

Бугарскиот антимакедонец кој е продукт на бугарските тајни служби со кои соработува и Димовски веројатно бројот го добил од бугарски оперативци во Скопје. Тој Димовски го нарекува Србин.

Бројот на Димовски го нема ниту еден македонски новинар.

,,+38971325*** – Ова е телефонскиот број на Виктор Димовски – директорот на АНБ во Скопје.
Пиши на Вибер и прашај го: зошто мене, граѓанин на ЕУ, ми го забрани пристапот во Република Македонија, а на Русинот Александар Онишченко, човек на Путин (кој е на црната листа на САД) му даде македонско државјанство!! !
До кога ќе толерираме Србите од Скопје да се потсмеваат на се бугарско и европска унија додека тие служат на Србија и Русија и аплицираат за ЕУ ​​и земаат пари од Брисел????
Пиши му и прашај го!”, објави бугарскиот шовинист Стојанов.

Димовски во петок пред комисијата за надзор на АНБ и АР ќе треба да даде отчет зошто му дал пасош на човекот на Путин.