Бугарскиот селектор: Кога ќе ја стигнеме Македонија? И јас би го прашал тоа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Георги Дерменџиев, со контрапрашање одговори на новинарско прашање кога ќе ја стигнат Македонија, која единствена од опкружувањето же игра на Европското првенство в година.



„Јас исто така би го поставил тоа прашање. Знаете ли каде играат играчите на Северна Македонија? Ете тоа е мојот одговор“, реплицира тој на прес-конференцијата за денешниот натпревар со Финска од Лигата на нациите, алудирајќи на силата на клубовите за кои настапуваат македонските репрезентативци.

За разлика од Македонија, Бугарија не успеа преку Лигата на нациите да стигне до ЕП, откако во полуфиналето на плејофот загуби од Унгарија.