Кирил Петков на 18 јануаридоаѓа во официјална посета на Скопје, соопшти бугарската влада.
Во бугарската делегација ќе бидат и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски, Николај Шабев, и потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин.
Петков, вчера го напушти петдневниот карантин, аде беше поради контакт со претседателот на бугарското собрание кој бил ковид-позитивен.
Се очекува бугарскиот премиер да има средба со Димитар Ковачевски, премиер на новата влада која се очекува да биде изгласана викендов.







