Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска не одговори на прашањето на Движењето за права и слободи (ППС) на Мустафа Карадај, дали знае кој известувач во ЕП за Северна Македонија и дали разговарал со него.



Кирил Петков не кажа дали знае кој е, но призна дека не разговарале.

Известувач за Македонија во ЕП е бугарскиот европратеник Илхан Ќучук.

„Бугарскиот интерес ќе биде заштитен“ изјави Кирил Петков кој денеска рефереираше пред бугарските пратеници за напредокот во односите со Македонија.

„Има напредок во историската комисија и ќе мора да го искористиме“, рече тој.

Претходно денеска објави дека со македонската влада било договорено заедничко чевствување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4-ти февруари.