Со Божја помош ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, вели бугарскиот патријарх Неофит кој за тоа вели дека е „нешто во кое вреди да се вложи“.
„Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со со нив ќе бидеме радосни и среќни“ изјави бугарскиот патријарх за БГНЕС одговарајќи на прашање како ќе ѝ помогне на Вселенската патријаршија при решавање на прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА.
Неофит не се појави на прославата на 1000 години Охридска архиепископија иако го поабара тоа.





