Народното собрание на Бугарија денес се очекува да го изгласа предлогот за уредување на односите меѓу Бугарија и Македонија, кој беше усвоен од Комисијата за надворешна политика.
Макрон убеден: Се’ уште е можен договор Софија-Скопје
На состанокот вчера, Комисијата за надворешни работи ја одобри предлог-одлуката на Демократска Бугарија.
Министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска изјави дека францускиот предлог е најдобриот што сме го добиле досега.
Доколку пратениците ја прифатат предлог-одлуката владата ќе може релативно брзо да ја ратификува, изјави тој во Брисел. Тој се надева дека до крајот на самитот на ЕУ, денеска, ќе има одлука на бугарскиот парламент за францускиот предлог за Македонија.
„Се надевам дека наскоро бугарската позиција ќе стане европска позиција и оваа европска позиција ќе стане можност да се оди напред и да се склучи конечниот договор“, рече тој цитиран од БНТ..
„Она што се случи денеска е дека бугарската позиција остана непроменета, се разбра и сега сите чекаат, а Европејците чекаат бугарскиот парламент да ја даде својата конечна одлука“, рече вчера бугарскиот премиер во оставка.
Францускиот предлог се состои од три независни елементи кои можат целосно да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес.
Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол.
Во билатералниот протокол нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и пресвртници кои Скопје мора да ги исполни за возврат Бугартија да го укине ветото.







