Многу граѓани од утрово го окупираа плоштадот пред Националното собрание во Софија за да го поддржат антивладиниот протест во нова фаза – окупацијата на парламентот.
Пратениците – кои започнаа да пристигнуваат рано наутро за да можат да влезат во парламентот на седницата на која ќе се гласа за недоверба, пред да биде блокиран – беа исфиркани од граѓаните, јавува БГНЕС.



Тоа ќе биде петти по ред обид на опозицијата да го собори Кабинетот на премиерот Бојко Борисов.

Последниот е поради незадоволството од тоа како премиерот Борисов се справува со корупцијата.

За денеска е најавено дека протестите ќе се одвиваат на поинаков начин – како национален штрајк уште од утрото, со цел да се блокира Парламентот, каде што треба да почне дебатата за гласањето за недоверба на владата.

Деновиве бугарскиот премиер Бојко Борисов го обвини шефот на државата Румен Радев дека бил сценарист на антивладините протести.

Според Радев протестите се национален консензус против мафијата, корупцијата, поврзаноста на државата и медиумите и против поткопувањето на демократските институции и закони.