Народното собрание денеска на вонредна седница ќе расправа за оставката на министерот за одбрана Стефан Јанев, јави БГНЕС.
Оставка ја побара премиерот Кирил Петков на седница на Советот на министри, а истиот ден до Народното собрание беше доставен и проектот за лични промени во составот на Министерскиот совет.
Причина за тоа беа зборовите на Јанев дека „во Украина се спроведува операција, а не војна“ и неговата последователна објава на социјалната мрежа, која се разликува од ставот на премиерот.
Мислење на оваа тема изрази и претседателот и врховен командант Румен Радев, кој оставката на министерот за одбрана ја оцени како ризик во позадината на воените дејствија во Украина.
Ова ќе биде прва оставка во владата на Кирил Петков откако беше избран на 13 декември. Одлуката за оставка ќе биде донесена по расправа и гласање на пленарна седница.
Премиерот Кирил Петков соопшти дека предлог за министер за одбрана е Тодор Тагарев.







