Политичката партија на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин објавува докази за бугарското фалсификување на македонската историја.
Долгогодишното фалсификување на македонската историја од страна на Бугарија е најочигледно во Пиринска Македонија, велат од партијата која официјална Софија не сака да ја регистрира.
,,Овде фалсификувањето може да се види и да се допре со рака. Поставени се многубројни споменици на бугарските народни херои, кои немаат врска ниту со регионот, ниту со Македонија. Споменици добиваат и личности кои не се ни Бугари.
На влезот во градот Сандански, над меѓународниот пат Е79 Софија – Кулата, се издига величествената статуа посветена на Спартак, легендарниот водач на востанието на робовите во антички Рим. Подигната е во 1978 година, на јужната порта на градот, тој е врв на величествениот архитектонско-скулпторски комплекс „Спартак“. Седумметарската фигура на античкиот херој е поставена таму за да ја видат сите што влегуваат во градот, како и сите што патуваат на пат кон/од Грција. Секој што сака може да се качи до споменикот, да го допре, да се слика…”, пишуваат од ОМО Илинден Пирин.
Тие објавуваат дека бугарските власти граделе споменици на туѓи и далечни херои со цел да ги истиснат македонските револуционери.
ОМО Илинден Пирин дава објавување зошто е поставен споменик на Спартак и што тој претставува.
,,Овој споменик беше подигнат како дел од големата политика на тоталитарниот режим на Тодор Живков да ја замени историјата на Македонија, да всади во главите на народот туѓи и непознати херои. Мора да ги заменат македонските историски личности кои се незгодни за асимилаторската бугарска политика со тие што ним им одговараат.
За бришењето на македонското минато, најсериозен камен на сопнување за бугарските националисти е несомнено античката историја на регионот, самото негово име Македонија и неговата поврзаност со светски познати личности како Филип Втори и Александар Македонски. За да го реши проблемот, Бугарија измисли сосема нова наука – тракологија и ја постави пред светот преку Одделот за државна безбедност за културно-историско разузнавање. Тракија и Тракијците се алатката што ќе ги замени античките Македонци и нивната голема држава во историските книги, во медиумите, насекаде. Така, големиот Александар мора да биде заменет со уште една важна историска личност – улогата овде му е доделена на Спартак. За тоталитарниот режим беше критично важно на луѓето од Пиринска Македонија да им се всади оваа измислена историја, затоа што ја одзема основата на македонскиот идентитет – самото име на државата, нејзиното античко име Македонија. Доколку се елиминира, нема пречка да се пласираат какви било фалсификати. Но, замената во книгите не е доволна. Ни треба нешто од секојдневието, од реалноста. Споменикот е таква алатка. Можеби нема да ја читате книгата или весникот, може да ги фрлите, но споменикот е таму и не мрда. Тоа е неизбежно и тивко сугерира невистина”, стои во објаснувањето.
,,Затскриени зад своето омилено меѓународно алиби, бугарските историчари активно ја исфрлаат од историјата на Македонија … самата Македонија и ја заменуваат со Тракија и Тракијците. Погледнете ги нивните лажни карти од античкиот период, каде што се избришани Македонците, а на нивно место се нацртани некои Тракијци, колективно име во античко време за многу племиња кои никогаш немале своја земја наречена Тракија. Со истиот уметнички метод, племето Медијци е пресликано (претставено) во долината на Струма меѓу Пирин и Малешевската планина, со цел источните племиња на македонскиот народ да се преселат надвор од денешните политички граници на Бугарија. Обидот на германскиот проф. К. Циглер да ја идентификува племенската припадност на тракискиот Спартак бил злоупотребен за конкретна цел”, објаснува ОМО Илинден Пирин за бугарските фалсификати и елиминирање на вистинската македонска историја на бугарско тло.






