Бугарскиот државен врв „решава“ за Македонија (ВИДЕО)

На иницијатива на шефот на Бугарската држава, Румен Радев денеска се одржува консултативна средба на која, како што се претпоставува, официјална Софија треба да изгради став дали да го поддржи давањето датум за почнување преговори на Македонија со ЕУ .



Проблемот е, според бугарски извори, неподготвеноста на Македонија да прифати бугарско толкување на историјата пред 1945 и најголемиот проблем – чиј е Гоце Делчев.

Срадбата кај радев се одржува под наслов:„ Преглед на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на резултатите од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања и очекуваната покана за Република Северна Македонија до Европската унија“.

На средбата на која учествуива премиерот Бојко Борисов поканети се претседателите на парламентарните групи, претседателите на Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови при Националното собрание, како и претседателот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни работи меѓу Република Бугарија. и Република Северна Македонија, јавува БГНЕС

Вчера, вицепремиерот и министер а одбрана Красимир Каракачанов најави дека неговата пшартија ВМРИО-ДПМНЕ ќе ја напушти владата доколку Бугарија поддржи почеток на преговори „со Скопје“.

Каракачанов е „разочаран“ од изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека Делчев и да сакал не мочел во 1901-1902 да се изјасни како Македонец, а претходно слична порака упатти и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.