Бугарски универзитет отвора филјала во Македонија

Универзитетот „Велико Трново”(ВТУ) од истоимениот бугарски град  подготвува проект за основање на филијала на територијата на Република Македонија. За почеток, ќе биде поднесена апликација до македонската влада за акредитација на три вонредни постдипломски програми – англицистика, регионален развој и применети компјутерски науки.



Истиот проект ќе биде поднесен на одобрување и во бугарското Министерство за образование и наука и само по билатерално одобрување проектот може да профункционира пишува порталот „Економик.бг“.

Се очекува дека интересот за програмите ќе има не само на македонските граѓани, туку и кајграѓаните на другите балкански земји.

Доколку проектот се реализира , Великотърновският универзитет ќе биде првиот бугарски универзитет, кој ќе формира своја легитимна филјала во странство.

Веста беше соопштена денес, кога во присуство на ректорот на ВТУ проф. Д-р Христо Бонджолов и на претседателот на Меѓународниот словенски универзитет, д-р Јордан Ѓорчев, беа потпишани два договори.

Едниот договор предвидува заедничка обука за наставни планови за студенти, постдипломци и докторанти во согласност со законодавството на двете земји.

Со другиот договор, Меѓународниот словенски универзитет обезбедува материјална и наставна основа во Свети Николе и во Битола за потребите на Великотърновския универзитет, пишува порталот.