Православен свештеник предизвика инцидент на еден од булеварите во Софија, фрлајќи анатема врз колоната со украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој беше во кратка посета на Бугарија.
Полицајците одвај успеаја да го тргнат од улицата човекот во мантија, кој изрече низа навреди на сметка на Зеленски и на неговата земја.





