Професорот по културна антропологија на Софискиот универзитет, Ивајло Дичев оценува оценува дека можниот компромис до прифатливо решение меѓу Скопје и Софија е наведување на Бугарите во Уставот на земјава како уставотворен народ, што, според него, нема никому да му пречи, а ќе биде симболичен гест кој што ќе помогне да се дојде до решение.



„Можниот компромис е да се гарантираат правата на Бугарите во Република С.Македонија. Но, што значи тоа и на какви дискриминации се подложени, не разбирам. Нека си кажат што точно сакаат, па Европската Унија нека проверува“, вели изјави Дичев за порталот МКД.мк.

За отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола и сликањето под неговото име, Дичев вели дека бугарските владини претставници јавно покажаа дека не знаат каде одат.

„Можеби не ја знаат доволно ни улогата на Ванчо Михајлов пред чие име се сликаа. Кај нас ги покажаа само оние плакати на кои што се обвинуваат Бугарите дека им се крвави рацете. Со ова решението на глупавиот спор се оддалечува уште повеќе, а сите наши фундаменталисти го кажаа и го нагласија тоа“.

Според него, Софија би требало да најде формула за улогата на тогашната бугарска држава во времето на Втората светска војна, што би и овозможило на современа Бугарија „да го зачува достоинството“.

„Историската формула треба да е следна: Тогашната бугарска Влада била соучесник на Хитлер, но обичните бугарски војници верувале дека ја ослободуваат Македонија. Нешто во тој дух“, вели Дичев во изјавата за МКД.мк.