Георги Фотев, бугарски професор, тврди дека Македонија никогаш не била дел од бугарската држава.
Во разговор за Блумберг ТВ Бугарија Фотев меѓу другото вели:
„Подвлекувам, главниот проблем е во Бугарија. Ние имаме парламентарно претставена партија, која е брутално против признавањето на Македонија. Се тврди дека Македонците се Бугари, дека таа е дел од Бугарија…
Тврдат дека нема македонска нација и што сакаме сега ние? И колку од народот знае дека територијата на с. Македонија никогаш, ниту еден ден не била дел од бугарската национална држава“, вели Фотев.







