Бугарски пратеник ѝ донира на Македонија заштитни средства вредни 60.000 евра

Делјан Пеевски, пратеник на Движењето за права и слободи (ДПС) во Бугарија, ја премина бугарско-македонската граница и за борбата со коронавирусот на медицинските работници од Македонија им подари заштитни облека и материјали во вредност од 122.000 лева (60.000 евра).



Медиумскиот магнат, кому ова му е четврти пратенички мандат во низа преку центристичката партија околу која гравитира главно турското малцинство во Бугарија, досега во коронакризата на тамошните болници им донира опрема вредна околу 4 милиони лева.