Во Бугарија е во тек расправа дали сегашниот национален празник кој го слави „Санстефанскиот договор“ од 3 март 878 година потпишан од Отоманско царство и Царска Русија со која Бугарија доби статус на држава…
Партијата „има таков народ“ на Слави Трифонов предлага референдум за менувае на датумот од 3 март на 24 мај, денот на Светите браќа Кирил и Методиј….
Но, политикологот Огнен Минчев, го поддржува 24 мај со образложение дека најдобар национален празник е оној што „нацијата им го подарила на другите“.
„Преку кирилицата, преку преводот на христијанските богослужбени книги првично на бугарски и на словенски јазици, преку ширење на христијанската култура и нејзино пренесување на другите словенски народи, Бугарија учествуваше во создавањето на европската цивилизација“, вели политикологот.
„…24 мај е многу вреден датум за национален празник, бидејќи преобразувањето на бугарскиот народ во народ се случи со напорите на оние кои се грижеа за бугарската вера и култура“, коментира проф. Минчев.
Тој посочи дека 3 март ќе остане важен бугарски празник. Бугарија го цени своето ослободување, но не треба да го славиме како наш државен празник она што сме го добиле како подарок, туку она што сме им го подариле на другите, инсистираше проф. Минчев.







