Јулијан Ангелов, носител на листата на предизборната коалиција „Бугарски патриоти“ составена од десничарските партии ВМРО-БНД, Волја и НФСБ, ја нарече Македонија „политички Франкештајн“.



„Можеби ја потценивме дрскоста на политичарите во Македонија. Ние мислевме дека кога ќе им кажеме на нашите партнери во ЕУ оти има проблеми, дека таа држава не се реформира, дека има говор на омраза кон Бугарија, дека навистина ја крадат нашата историја, дека продолжуваат со таа фалсификувана одлука со која е создадена македонската нација, ние очекувавме од нашите европски партнери да ни поверуваат нам, зошто ние ја кажуваме вистината. Ние не сакаме конфликт со Македонија, зошто така сме решиле. Триесет години Бугарија ја поддржуваше Македонија за сенешто, вклучувајќи го и нивниот прием во НАТО, каде што не побаравме ниту еден услов. Не може да внесеш еден политички Франкештајн во ЕУ. Не може да почнеш преговори со една држава во која секојдневно се кажуваат ужасни нешта против Бугарија и Бугарите. Не можеме да допуштиме такво нешто“, изјави Ангелов од ВМРО-БНД во интервју за бугарското радио Дарик во пресрет на новите парламентарни избори на 11 јули, откако по претходните на 28 март никој не успеа да формира влада.