Чешка и Словачка ги отфрлија предложените заклучоци за проширувањето на ЕУ затоа што сметаат дека „се прават премногу отстапки за бугарските барања“.
Бугарскиот новинар Велизар Енчев открива дека „веќе подолго време има силно македонско лоби во Прага, кое ја обработува чешката јавност во антибугарски дух“, напиша на Фејсбук новинарот Велизар Енчев.
„Пред четири години беше емитуван антибугарскиот филм ‘Трето полувреме’, во кој со европски пари е претставена искривена верзија на бугарското воено присуство во Вардарска Македонија за време на Втората светска војна.
Чешка учествуваше во овој филм, и финансиски, и како копродуцент.
Веќе 15 години Универзитетот во Прага има Катедра „Македонистика“, која не само што учи чешки и словачки студенти на македонски јазик, туку и го промовира македонското читање на бугарската историја.
Ситуацијата е слична и во Братислава, каде што Македонците имаат силно антибугарско лоби“, пишува Енчев.
Следува ли одмазда од Бугарија за средбата пред ударот од членките на ЕУ https://www.expres.mk/koj-nash-minister-bil-vo-praga-den-pred-vetoto-na-cheshka-i-slovachka-kontra-bugarija/





