Бугарски новинар: Во Македонија „демократски“ го игнорираа народот

Петар Волгин, бугарски продуцент и радиоводител, ги коментира последните случувања во Македонија околу гласањето за предлогот за промени во Уставот, и покрај неуспешниот референдум поради недоволната излезеност.



„Резултатот од референдумот во Македонија никако не им се допаѓа ниту на македонската владеачка елита, ниту на евроатлантската. Затоа, во сосем демократски манир, одлуката за промена на името на земјата беше донесена не од граѓаните на истата таа земја, туку од естаблишментот на власта. Плус, се разбира, неколку купени пратеници од опозицијата. Но, да не ситничариме. Светлата евроатлантска цел ги оправдува сите средства“, изјави Волгин.

Став спротивен на власта во Бугарија новинарот имаше и по пропаѓањето на плебисцитот во Македонија, кога дури и ја пофали подготвеноста на македонските гласачи да се спротивстават на препораките како да гласаат.

„И каков е резултатот од фактот дека целиот естаблишмент од Запад дојде во Македонија за да им објаснува на Македонците како треба да гласаат? Точно обратниот од тоа за кое ги повикуваа. Бојкотот на референдумот не е израз на ‘тапоста’, што би рекле нашите големи евроатлантисти. Тоа е свесен отпор на диктатот од западната елита. Ете зошто македонските гласачи заслужуваат честитки. Најмногу поради подготвеноста за отпор“, констатира тогаш Волгин.