(…) Дури и денес, кога РС Македонија се соочува со портите на ЕУ, зарем не е нормално другите, имено премиерот Зоран Заев, гласно и либерално да изјават:
„Да, ние како нација имаме проблем со самите себе, и ќе го решиме според вредностите на ЕУ! Да, ќе го пресечеме Гордиевиот јазол“, пишува Иван Николов, бугарски новинар и редовен колумнист на агенцијата БГНЕС кој ја наметнува тезата дека „има нешто што не е во ред, нешто нејасно, нешто скриено, нешто недокажано, што виси како Дамоклов меч над главата на целата нација“ со македонскиот идентитет .
Ништо друго не може да ги отвори портите на Брисел кон РС Македонија, освен слично обврзувачко откритие, вели Николов според кој „македонскиот идентитет е идеолошко-политичка конструкција, која упорно се претставува како производ на природните еволутивни процеси, нужно опфаќајќи ги и преродбата и револуционерните борби, како и нивните протагонисти, тоа носи во себе сè што е спротивно на сè што е нормално“.
Ова е часот на Заев. Дали тој разбира каква огромна одговорност лежи на неговите плеќи денес? Дали тој разбира дека нема друг начин?
Дали тој ќе го постави почетокот на вистинската историја на државата?
Да не брзаме! Одговорот, толку судбоносен, лесно би се претворил во фарса, пишува Николов, кој е главен уредник на списанието „Бугарија-Македонија“ и директор на издавачката куќа „Св.Климент Охридски“.






