Во врска со вчерашниот национален презник во Бугарија, 3 Март, денот кога пред 145 години бил потпишан Санстефанскиот договор, бугарски новинар реагира дека нема повод да се празнува тој датум.



Бугарија слави 145 години од Санстефанскиот договор

3 март е измама. Тоа е прелиминарен договор меѓу две евроазиски империи, кои меѓусебно се борат за превласт на земјите во кои живееле Бугарите.

Една од овие империи, руската, Бугарите не ги ни нарекува Бугари, туку намерно ги нарекува Словени, православни, за да може полесно да ги вклучи кога ќе преземе.

И на 3 март ниту еден Бугарин не бил поканет од победниците да учествува на овој настан, а ние го претворивме во наш државен празник“, вели новинарот Иво Инджев во интервју за БГНЕС.

„Јас тврдам и долго време и се молам некој да ме побие ако е можно, дека нема сличен случај во светот, кога една држава слави настан како државен празник, во кој не учествувал ниту еден единствен Бугарин, претставник на овој народ, кој празникот го нарекува национален.

Инджев објаснува дека 3 март е наметнат како државен празник.

„3 март не е одлука на Големото национално собрание, како што може да се помисли, 3 март, беше наметнат со просто мнозинство во април 1990 година како замена за дотогашниот национален празник поврзан со Империјата (Русија), само во советско време – 9 септември“, кој отпаднал затоа што пропадна комунизмот.

„Советскиот Сојуз почна да се распаѓа и тие решија дека сега е време да скокнеме во истиот брод.

Тој парламент т.н. русофилското мнозинство дури се жегувале дека „го избрале 3 март од почит кон лидерот на опозицијата Жељу Желев затоа што имал роденден“.