Додека извршувал задача за обука над Црно Море, авион МиГ-29 на бугарското воено воздухопловство изгубил радио комуникација и исчезнал од радарите во 00:45 часот, јавуваат бугарски медиуми.
Акцијата за пребарување и спасување беше започната веднаш и се уште е во тек, а вклучени се морнарицата, Здружената команда за специјални операции, граничната полиција и воздухопловните сили.
Атлантскиот совет побара прекинување на сите летови со ремонтираните руски авиони МиГ-29, и итно започнување на детална инспекција на квалитетот на ремонтите.






