Европската унија се чини ќе го одложи почетокот на преговорите за еврочленство со Албанија и Северна Македонија, откако Германија објави дека не е подготвена да даде „зелено светло“, пренесе ДПА.
Во мај, Европската комисија (по 10-ти пат-н.з,) одново препорача да започнат преговорите за пристапување кон Заедницата на Скопје и Тирана, предупредувајќи дека сопротивното ќе биде направедно и ќе ја поткопа довербата кон ЕУ, бидејќи двете страни покрија условите уште минатата година.
Но, 28 земји-членки треба да постигнат едногласна одлука, денеска на состанокот на министрите за европски прашања во Луксембург.
Во Германија, конзервативците на канцеларката Ангела Меркел ги „притискаат кочниците“ , оценува агенцијата БГНЕС.
Политиката за проширување на ЕУ е алатка за поттикнување на соседите да одржуваат продемократски реформи, како услов за еврочленство.
Франција, Холандија и Данска искажуваат резерви во врска со Албанија и с.Македонија. Претходно овој месец долниот дом на холандскиот парламент се спротивстави на отворањето разговори со Тирана. Париз сака ЕУ прво да ги реши своите внатрешни проблеми.
Во меѓувреме, Ројтерс објави дека повеќето земји-членки на ЕУ предводени од Италија сакаат да започнат разговори со Албанија и с.Македонија.
Дипломати на ЕУ велат дека антиимигрантските чувства во северна Европа го намалија апетитот во Париз, Берлин и Хаг за проширвање.






