Бугарски „Кој сака да биде милионер“ со дрска провокација

Во бугарското издание на квизот „Кој сака да биде милионер“ направен е дрска провокација и приземен обид за навреда на соседите.



Имено, едно од прашањата било фолмулирано како ; „Ако еден северномакедонец каже дека е „киднапиран“, што има предвид“.

Ни прашањето ни одговорите немаат на било кој начин врска со навредливиот термин „северномакедоци“ освен намерата за гола навреда.

Непознато е дали некој ќе побара објаснување од бугарската држава за ова, како што синоќа, на пример, бугарскиот премиер Кирил Петков од македонскиот колега Ковачевски побарал објаснување за два „инциденти“ што се случиле во изминативе неколку дена.